Работната посета на Царинарница Штип која денес ја oствари директорот на Царинската управа Сугарески беше со цел да се запознае со тековните и планирани проекти, како и со оперативните капацитети и потреби на организационите единици во склоп на оваа царинарница.

Управникот на Царинарницата и шефовите на царинските испостави ја презентираа работата на Службата за надзор на иматели на одобренија-СНИО, Царинската испостава Штип, Царинската испостава Велес, Царинската испостава Делчево која опфаќа стоков и патнички промет, како и за тоа дека е даден предлог за повторно формирање на Царинската испостава слободна зона Штип.

Управникот Иван Спасовски го извести директорот за активностите кои треба да се превземат за реконструкција на граничниот премин Делчево, при што би се овозможило забрзување на протокот на возила, патници и стока, кои се во зголемен обем.резултира со проширени ленти и побрз проток на возила, патници и стока.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5