Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески заедно со тим од вработените, оствари средба со Никола Бертолини - раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје (ДЕУ). На средбата се разговараше за реализацијата на тековните, како и активностите за програмирање на идните проекти поддржани од ЕУ фондовите.

Долгогодишна и докажана е успешната соработка на Царинската управа на РСМ и Делегацијата на ЕУ во Скопје. Доказ за тоа се голем број успешно имплементирани завршени проекти, ИТ системи и градби кои се во функција, како и опрема која ја олеснува секојдневната работа на  царинските службеници на сите нивоа. Поддршката од ДЕУ во насока на реализација на стратешката цел на Владата на РСМ и Царинската управа за ЕУ интеграција, се реализира преку финансирање на проекти за надградба на капацитетите на знаења, опрема за подобрување на техничкиот капацитет, надградба и имплементација на нови ИТ системи и подобрување на инфраструктурата на граничните премини.

Проекти кои се во фаза на финализација: Твининг проект за усогласување со законодавството на ЕУ и надградување на капацитетите на знаења на царинските службеници, во кој Царинската управа учествува заедно со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи; Набавка на софистицирана опрема со цел подобрување на техничкиот капацитет на службите за контрола во Царинската управа, која ќе придонесе кон борбата против корупцијата и организираниот криминал; воспоставување на нов резервен податочен центар во случај на криза и природни непогоди со цел континуитет на деловните процеси и непречена работа на ИТ системите.

Претставниците на Царинската управа и претставниците на ДЕУ го истакнаа позитивното искуство во текот на процесите за планирање на проектите и насочување на средствата, при што одличната комуникација, насоки и заедничка работа со ДЕУ е клучен аспект за успешност на реализацијата на новите проекти што следат.

3
3
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3