Директорот на Царинската управа Горан Сугарески и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, на денешната работна средба ја потврдија заложбата за сузбивање на организираниот финансиски криминал како заедничка цел на двете институции.

За време на работната средба, која се одржа во просториите на Царинската управа, беше истакнато дека ќе се интензивира досегашната добра меѓуинституционална соработка во насока на ефикасно преземање на активности во борбата против финансиски криминал и перење на  пари.

Во однос на сузбивањето на финансискиот криминал, беше посочено дека со оглед на комплексноста на ваквиот криминал, од големо значење е навременото  препознавање и проценка на потенцијалните ризици. За таа цел, Царинската управа како институција на која една од примарните цели и е заштита на финансиските интереси на граѓаните и Управта за финансиска полиција, ќе продолжат со зајакнување на техниките за проценка на ризик и изнаоѓање на нови начини и методи за целосно подобрување на системот во борбата против финансискиот криминал.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3