На состанокот со членовите и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, г-ѓа Биљана Ивановска, беше потврдена споделената визија за воспоставување ефикасен систем за превенирање и сузбивање на корупцијата. Директорот на Царината Сугарески ги презентираше редовните и планирани активности на царинската организациона единица задолжена за професионални стандарди, со акцентирање на досегашните видливи резултати и трасирани идни делувања според Стратегијата на Царинската управа за интегритет и борба против корупција 2019-2022.

 
Соработката помеѓу двете институции посебно доаѓа до израз при учеството на Царинската управа во изготвување на стратешки национални документи за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси, како и во учеството во ИПА проекти во доменот на антикорупциско делување и зајакнување на капацитетите ангажирани во овааа заедничка борба.

Царинската управа има обезбедено пристап до базата на податоци (софтвер ЛУКА, модул за анкетни листови) за пристап до анкетните листови и изјави за интереси на вработените во Царинската управа.

Постојаната комуникација помеѓу Царинската управа и ДКСК овозможува сигнализирање на можни случаи на злоупотреба на службена должност и непрофесионално постапување од страна на вработените во Царинската управа.

По усвојување на Националната програма за борба против корупција и судир на интереси со Акционен план за имплементација, неопходна ќе биде потесна соработка помеѓу овие институции. За активностите што се во директна надлежност на Царината, редовно ќе се известува ДКСК во однос на нивната реализација, со перманентно следење на показателите на успешност и постигнат напредок во борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Од посебна важност останува да се биде фокусиран и на подигањето на свеста на граѓаните и бизнис заедницата за штетните последици на корупцијата која го нарушува легитимитетот и довербата во државните институции.

 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3