Директорот на Царинската управа, г-дин Горан Сугарески, денес одржа работна средба со вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси г-дин Љупчо Николовски. На средбата се дискутираше за идната соработка во однос на борба против корупцијата.
Директорот Сугарески ги истакна приоритетите на Царинската управа и важната улога која ја има во борбата против корупцијата и криминалот, искажувајќи ја честа за оваа посета на вицепремиерот која е одлична
можност да се зајакне соработката и да се зголеми видливоста на работата на Царинската управа.
Истражувањето за нивото на изложеност на злоупотреба на службената должност и овластување е во рамка на редовните активностите кои се дел од постојаната борба против корупцијата и судирот на интереси во Царинската управа.
Николовски и Сугарески заклучија дека е потребна интензивна соработка меѓу повеќе институции за поголема ефикасност и видливост на резултатите во борбата против криминалот и корупцијата.
На средбата беше потенцирана заедничката заложба за позитивни промени на состојбите во насока на одговорно, чесно и посветено работење на Царинската управа.