Царинската управа за членовите на Советодавното тело, коморските здруженија, компаниите, како и сите застапници на царинските постапки, денес одржа презентација и обука за начинот на тргување и постапките за увоз, извоз и транзит со Обединетото Кралство и  ЕУ после БРЕГЗИТ. Обуката ја отвори директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Во своето обраќање директорот ја истакна важноста на постигнатиот договор со Обединетото Кралство - Спогодба за партнерство, трговија и соработка, кој се потпиша во ноември 2020 година и има стратешко значење за државата, бидејќи и понатаму обезбедува правна сигурност и исто ниво на бесцарински увоз и извоз со Обединетото Кралство, како и до сега во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.

На информативната сесија на која учествуваа повеќе од 130 заинтересирани лица, институции и компании, посебен осврт се даде на следните теми:

  1. Префреренцијален трговски режим со Обединетото Кралство – нов договор за слободна трговија
  2. Примена на ССА и кумулација на потекло
  3. Транзитни постапки и  примена на ТИР во CDPS

Царинската управа изминатата година оствари низа билатерални средби со претставници на компаниите кои тргуваат со Обединетото Кралство и активно учествуваше во процесите на преговорите.

Имајќи во предвид дека Велика Британија е еден од најзначајните наши трговски партнери, со кој имаме воспоставено високо ниво на надворешна-трговска соработка во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, пред почетокот на обуката се истакна важноста на БРЕГЗИТ за Република Северна Македонија.

Обединетото Кралство ја напушти Европската Унија на 31.01.2020 година со преоден период од 11 месеци. Согласно заедничкиот договор, за т.н транзиционен период, законодавството на ЕУ се применуваше и за Обединетото Кралство и немаше никакво влијание на царинските и надворешно-трговските постапки.

Од 01.01.2021 година Обединетото кралство и официјално не е членка на ЕУ, што значи станува трета земја во ЕУ и повеќе не учествува во процесот на носење одлуки во ЕУ. 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
7
7
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7