Почитувани кандидати,

1. Царинската управа ве известува дека на ден 20.01.2021 година (среда) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б) со почеток во 12:00 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе полагање на стручен испит – ВТОР ДЕЛ односно ПОПРАВЕН испит (студија на случај) на кандидати кои:

- претходно го имаат положено првиот дел од испитот, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, потребно е во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени во списокот на кандидати за полагање на втор дел од испитот. 

- го положиле првиот дел (теоретски дел) но не го положиле вториот дел (студија на случај), односно вториот дел ќе го полагаат повторно.

Овие кандидати потребно е да поднесат пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Рокот за поднесување на Пријавите започнува од денес 23.12.2020 и трае до 31.12.2020 година.

Уплатата се врши на следната сметка:

 

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.