На ден 18.12.2020 година царинските инспектори од Секторот за контрола и истраги во заедничка акција со Министерството за внатрешни работи, запленија околу 110 кг опојна дрога марихуана, со што  прекинаа меѓународен  ланец на шверц на опојни дроги.

Имено, царинските инспектори на излез од Република Северна Македонија, на ГП Ново Село, околу 21 часот, селектирале и  извршиле детална контрола на товарно моторно возилото, при што во специјално направен бункер, откриени се 102 пакувања, полиетиленски кеси, во кои била вакумирана растителна материја со зелена боја. По извршеното  тестирање на тестер за дрога  утврдено е  дека се работи за опојна дрога марихуана.

Против осомниченото лице (странски државјанин), Министерството за внатрешни работи, покрена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 став 1 и став 7 од Кривичниот законик до надлежното Јавно обвинителство во Струмица. На осомниченото лице му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3