Денес, 16 декември 2020 година преку онлајн платформа директорот Танасоски и претставници од Царинската управа учествуваа на јавната расправа на тема  „Стратегија за реформа на даночниот систем 2021 - 2024“, во организација на Министерството за финансии.

Изготвувањето на оваа Стратегија произлегува од активноста која започна во 2018 година во која учествуваа засегнатите домашни институции како и меѓународни партнери. Таа го следи стратегискиот пристап кон креирање на политики усвоени од Министерството за финансии на Република Северна Македонија согласно Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 година.

Институците на Република Северна Македонија кои придонесоа за изготвување на Стратегијата и ќе бидат вклучени во нејзината имплементација се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за финансиско разузнавање и Управата за финансиска полиција.

Главна цел на стратегијата е да овозможи институциите и органите на Република Северна Македонија чиј делокруг на работа е поврзан со даноците, координирано, ефикасно и ефективно да ги остваруваат своите надлежности и да креираат и имплементираат даночна политика во насока на инклузивен и одржлив економски раст.

Стратегијата има за цел да ги адресира проблемите како сивата економија, економската нееднаквост, тешкотиите во собирањето на јавни приходи,подобрување на услугите на даночните обврзници, софистицираните техники за избегнување данок, затајување на данок како и зголемувањето на ризиците врз животната средина.

Стратегијата содржи пет приоритети за креаторите на даночната политика и органите кои ги администрираат јавните приходи во периодот 2020-2023 година, заедно со нивните клучни активности, резултати, одговорни субјекти и клучни индикатори за учинок.

  • Приоритет 1 – Поголема праведност во оданочувањето
  • Приоритет 2 – Поголема ефикасност и продуктивност на даночниот систем за подобра наплата на приходите,
  • Приоритет 3 – Зголемена даночна транспарентност
  • Приоритет 4 – Подобар квалитет на услугите и
  • Приоритет 5 – Воведување зелено-еколошко оданочување

Договорено е врз основа на приоритетите, мерките и активностите дефинирани во Стратегијата, ќе се изготвуваат годишни акциски планови во кои подетално ќе бидат разработени сите чекори за спроведување на активностите од соодветната година. Овие акциски планови ќе бидат подготвени од работната група за Стратегија за реформа на даночниот систем. Акцискиот план ќе биде објавуван до крајот на првото тримесечје секоја година. Напредокот по акцискиот план секоја година ќе биде оценуван, пред објавување на акцискиот план за следната година.

Транспарентноста во целиот процес, исто така останува приоритет на Владата, бидејќи само преку отчетност и транспарентност во системот на јавни финансии, може да се достигне максималниот учинок.

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4