Ве информираме дека на интернет страната на Царинската управа, на следниот линк https://customs.gov.mk/index.php/mk/za-nas-mk/carinska-regulativa/zakon-za-carinska-tarifa е објавена Одлуката за за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2021, како и Корелационионите табела KН2020 со КН 2021 и КН2021 со КН 2020. 

Новите тарифни ознаки се означени со посебен знак ★пред тарифната ознака.

Сите иматели на одобренија издадени од Царинската управа, потребно е да ги усогласат тарифните ознаки (доколку има одредени промени) во модулот МЕОС во СОЦДАД, согласно горенаведената Одлука. Ова се со цел за непречено спроведување на царинските постапки и поднесување на царинските декларации после 01.01.2021 година.