ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

објавува

ЈАВЕН ПОВИК бр. 02/20

за прибирање понуди за склучување на договори за:

  1. ЛОТ 1 -избор на економски оператор за имплементација на услуга за електронска наплатана надоместоци и административни такси за потребите на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIMи останатите ИТ системи во Царинската управаи
  2. ЛОТ 2-избор на економски оператор со најповолна понуда за Уплата на готовина во корист на трезорска сметка

I.  ЛОТ 1

Избор на економски оператор за имплементација на  услуга за електронска наплата на надоместоци и административни такси за потребите на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM и останатите ИТ системи во Царинската управа

  1. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

 

  1. ВОВЕД

Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки (во натамошниот текст: EXIM) е информационен систем, кој е достапен на линкот www.exim.gov.mk и овозможува:

  • електронско поднесување и обработка на барања за издавање на 59 различни типови на дозволи/лиценци кои се потребни за увоз, извоз и транзит на стоки,
  • обработка и евиденција на меѓународните дозволи за превоз на стоки и патници во патниот сообраќај.

Целта на системот е модернизација и поедноставување на меѓународната размена на стоки и воспоставување на единствена база на податоци и хармонизиран систем на размена на податоци меѓу субјектите во јавниот и приватниот сектор во областа на меѓународната размена на стоки.

                                                                        

Во моментов корисници на системот се следниве државни органи:

  1. Министерство за финансии – Царинска управа,
  2. Министерство за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност,
  3. Министерство за економија,
  4.  Министерство за животна средина и просторно планирање,
  5. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
  6. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - Државен инспекторат за земјоделство,
  7. Министерство за здравство,
  8. Министерство за здравство - Државен санитарен и здравствен инспекторат,
  9. Министерство за култура - Управа за заштита на културното наследство,
  10. Министерство за транспорт и врски,
  11. Министерство за транспорт и врски – Државен инспекторат за транспорт,
  12. Агенција за храна и ветеринарство,
  13. Агенција за лекови и медицински средства,
  14. Дирекција за радијациона сигурност.

Покрај корисниците од овие државни органи, EXIM во моментот го користат над 7.000 регистрирани економски оператори од Република Северна Македонија.

Постапката за издавање на електронски дозволи во EXIM го опфаќа процесот на поднесување на електронско барање во системот од корисникот, потоа проверка и обработка на електронското барање од страна на службеното лице во надлежната институција, па преку плаќање на административна такса и надоместок за дозволата од страна на корисникот, до електронско одобрување на поднесеното барање за дозвола од надлежната институција.

На годишно ниво преку системот EXIM се издаваат над 97.000 дозволи. За да биде одобрено барањето за дозвола корисникот задолжително мора да плати административна такса, а за одредени типови на дозволи и дополнителни надоместоци. Доколку плаќањето на административните такси и надоместоците за сите издадени дозволи преку EXIM на годишно ниво се прави преку систем за електронско плаќање (виртуелен ПОС терминал) тогаш очекуваниот број на реализирани трансакции е преку 180.000. Напоменуваме дека и по воведувањето на системот за електронско плаќање (виртуелен ПОС терминал) во EXIM на корисниците ќе им биде овозможено да изберат дали ќе го користат досегашниот начин на плаќање или ќе платат електронски.

  1. ОПИС

Обезбедување на услуга за електронско плаќање за крајните корисници на EXIM преку виртуелен РОЅ терминал со безготовински платежни картички. Карактеристики на системот за електронско плаќање (виртуелен ПОС терминал):

  • Да овозможува плаќање во реално време за физички и правни лица со било која безготовинска дебитна или кредитна картичка од типовите MasterCard и Visa.
  • Да овозможи проследување на информација за успешноста на трансакцијата во реално време до EXIM системот.
  • Да овозможи пренесување на основните трансакциски податоци во реално време од EXIM кон системот на Банката, и тоа
    • Референтен број на дозвола од EXIM;
    • Износ на трансакција (административна такса или надоместок за дозволата со пресметана провизија);
    • Детали за платежните налози: За секоја успешна трансакција, EXIM проследува податоци до Банката во реално време, за генерирање на налог.
  • Извршените уплати и соодветните пренесени дополнителни информации банката да ги реализира првиот следен работен ден (на почетокот на работниот ден) од денот на реализација на електронската трансакцијата.
  • Провизијата за користењето на услугата:
    • е на товар на корисникот на EXIM и висината на истата ќе му биде јасно прикажана во износ;
    • ќе биде пресметана од EXIM; и  
    • ќе биде вклучена во износот на трансакцијата која ќе се проследи во основните трансакциски податоци.
  • При реализација на налогот Банката треба за износот на провизијата да го намали износот на уплатата и во налогот да го уплати износот без провизијата и така да го проследи.
  • Електронската услуга на EXIM се смета за платена кога Платежниот процесор ќе испрати потврда за успешно плаќање. По проследувањето на налогот/ налозите, потребно е банката да го извести EXIM за успешноста на трансакција.
  • Банката не смее да наплаќа дополнителни трошоци.
  • Сметките на кои се ќе се вршат уплатите се трезорски сметки.
  • Банката е должна услугите што се предмет на набавката да ги овозможува 24/7.
  • Банката е должна да обезбеди сервисирање и одржување на услугата при што времето на реакција и отстранување на проблемот во врска со техничкото одржување е најмногу 12 часа, освен во случаи на:
    • Најавен прекин од страна на Visa и Master card.
    • Најавен прекин поради вршење на редовно одржување и надградби на процесинг центарот.
    • Во случај на виша сила.

Еднократен надомест за приклучување во мрежата на Mastercard и VISA: 0,00 денари.

Месечен надомест за користење на сервисот: 0,00 денари.

Банката услугата да ја врши со прифаќање на сите VISA и MasterCard картички домашни и странски.

Банката гарантира дека за сите трансакции за кои платежниот процесор пратил информација до EXIM дека се успешни, плаќањата кон јавните институции ќе се извршат првиот следен работен ден (на почетокот на работниот ден) од денот на реализација на електронската трансакцијата.

 

  1. ФУНКЦИИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД БАНКАТА

1. Платежен процесор (Payment processor), кој прифаќа дебитни или кредитни картички од типовите MasterCard и Visa.

  • Заштитена веб страница (payment gateway), кон која се пренасочува корисникот на EXIM да ги внесе сите податоци од платежната картичка неопходни за вршење на плаќањето.
  • Платежниот процесор треба до EXIM да го врати статусот на платежната трансакција, односно дали трансакцијата е успешна или неуспешна.

2. Преземање на детали за плаќањата кон јавните институции.

  • По секоја успешна трансакција, EXIM до Банката во реално време испраќа детали за плаќањата кон јавните институции. Креирање на понатамошните налози се врши според овие податоци.
  • Банката ги чува добиените информации за сите трансакции, вклучувајќи референтен број на лиценца, износ, како и детали за сметките за секоја трансакција.
  • Банката да врати информација до EXIM по секое успешно прифаќање и запис на уплати од EXIM.

3. Подготовка на налози.

  • Консолидирање на сите непроцесирани трансакции од претходниот период (периодот од последното барање од претходниот работен ден).

4. Процесирање на веќе подготвените налози преку платните системи на РСМ.

 

  1. ПРОЦЕС НА ПЛАЌАЊЕ
  2. EXIM ги пренасочува корисниците кон заштитенa веб страница за електронско плаќање (payment gateway)
    1. EXIM до платежниот процесор испраќа информации за трансакциите, референтен број на лиценца и износ (во кој е вклучена банкарската провизија)
    2. Корисникот на EXIM ги внесува податоците од платежната картичка за плаќање
    3. Платежниот процесор до EXIM враќа информација за статусот (успешноста) на плаќањето во која е вклучен и референтниот број на лиценцата, износот и бројот на трансакцијата.              
    4. Корисникот се пренасочува кон веб-локација од EXIM која дава порака за успешна или неуспешна трансакција.
    5. Во случај на успешна трансакција, EXIM до Банката доставува детали за плаќањето.
    6. Банката треба да ги процесира деталите за плаќањето и да генерира платежни налози.
    7. При испраќање на листа од сите успешни трансакции до банката од страна на платежниот процесор, истата ќе ги содржи и референтните броеви на дозволите EXIM.
    8. Банката ги процесира успешните трансакции и ги проверува добиените детали за плаќањето од EXIM, и доколку истите се успешно доставени, го продолжува процесот.
    9. Банката ги процесира платежните трансакции преку платните системи.
    10. Банката креира извештај за платежните трансакции и го испраќа до EXIM. Извештајот служи за ускладување и проверка дали сите успешни трансакции од претходниот ден се успешно завршени.
  1. ОСТАНАТИ УСЛУГИ

Обезбедување на услуга за електронско плаќање за крајните корисници на останатите ИТ системи на Царинската управа преку виртуелен РОЅ терминал со безготовински платежни картички

На барање и по добиен налог од Царинската управа, а согласно потребите на Царинската управа, Банката треба да обезбеди систем за електронско плаќање за останатите ИТ системи на Царинската управа чии што карактеристики, функции и процес на плаќање ќе бидат исти како електронскиот систем обезбеден за потребите на EXIM системот. Деталите во однос на податоците кои ќе се разменуваат помеѓу ИТ системот на Царинска управа и платежниот процесор ќе бидат дополнително утврдени согласно потребите на конкретниот систем и постапката.

  1. МИНИМУМ КРИТЕРИУМИ за утврдување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор согласно видот на набавката

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

  1. Способност за вршење на професионална дејност

За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот

При утврдување на способноста за вршење на професионална дејност на економските оператори договорниот орган бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно закон кои се однесуваат на предметот на набавка

-        Дозвола за работа издадена од Гувернерот на НБРМ согласно член 3 и член 16 од Закон за банките (Сл. весник на РМ бр. 67/07, 90/09, 67/10, 26/13, 15/15, 153/15. 190/16 и 7/19 и „Сл. весник на РСМ бр.101/19). Копијата треба да има потврда за веродостојаност „Верно на оригиналот„ со потпис и печат на одговорното лице на понудувачот.

  1. Техничка или професионална способност

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве услови:

-          Да е лиценциран за нудење на услугата за електронско плаќање со платежни картички од системот VISA и Mastercard од корисниците на ИТ системите на Царинска управа за вршење на услугата (e-commerce), што го докажува со доставување на доказ за обезбедени лиценци за нудење на услугата за електронско плаќање со платежни картички од системот VISA и Mastercard.

-          Да поседува сертификат за безбедносни програми за обезбедување на максимална сигурност и безбедност на трансакции со картички, што го докажува со доставување на сертификатот.

-          Во последните 3 (три) години да има искуство од квалитетно извршени услуги како предметот на набавка, што го докажува со доставување на листа на главни испораки извршени во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на најмалку 1 (една) потврда за извршени испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки.

-          Да има воспоставена техничката опременост и оспособеност на економскиот оператор и мерки за осигурување на квалитетот на услугата со обезбедена  24 часовна техничка поддршка, што го докажува со доставување на опис и изјава за техничка опременост и оспособеност и мерки за осигурување на квалитет.

-          Да располага со технички персонал (вработени или ангажирани кај економскиот оператор) кој ќе биде задолжен за реализација на услугите - предмет на набавка, што го докажува со доставување на изјава за ангажиран технички персонал.

  1. Критериум за доделување на договорот за набавка

Критериум за доделување на договорот е најниска цена, односно за најповолен понудувач ќе биде избран понудувачот кој ќе понуди најнизок фиксен износ на провизија (изразена во денари) по извршена трансакција. 

 

  1. ЛОТ 2

Избор на економски оператор со најповолна понуда за Уплата на готовина во корист на трезорска сметка

 

  1. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

 

  1. ВОВЕД

Царинската управа на Република Северна Македонија, на терминалите на граничните премини наплаќа терминална такса (дел и во готовина) и има обврска истата како дневен промет да ја уплати во корист на трезорска сметка.

Досега Царинската управа, наплатените готовински средства ги уплаќаше во експозитурите на МК Пошта, која како договорна деловна банка ја имаше Евростандард банка. Соглед на тоа дека на Евростандард банка е во стечај и поради тоа Царинската управа неможе да ги уплаќа во експозитурите на МК Пошта, како до сега, се наметна потребата од избор на економски оператор за уплата на готовината во корист на трезорска сметка.

Од наведените причини и итноста да се овозможи уплата на дневниот промет се објавува и јавниот повик за избор на економски оператор со најповолна понуда за уплата на готовина во корист на трезорска сметка

1.2 ОПИС

Обезбедувањето на услугата уплата на готовина во корист на трезорска сметка од економски оператор значи:

  • Да овозможи уплата на дневниот промет во експозитури во повеќе градови во РСМ (Скопје, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Делчево, Гевгелија, Струга)
  • Да овозможи плаќање на провизијата со фактура и

1.3 Минимални критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор согласно видот на набавката:

 

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

-          за да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на јавниот повик

-          Да има организациони единици во Скопје, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Делчево, Гевгелија и Струга каде ќе се овозможи уплата на дневниот промет ( да достави во прилог оверена листа на организациони единици од каде ќе може да се види дека го исполнува овој услов)

1.4    Критериуми за доделување на договорот

Критериум за доделување на договорот е економски најповолната понуда.

 За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.

Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:

-          уплата на дневниот промет во експозитури во повеќе градови во РСМ (Скопје, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Делчево, Гевгелија и Струга (изразена во проценти) 50 бодови

-          најниска понудена цена - најмала провизија 25 бодови

Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена - најмала провизија. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:

Број на бодови=најниска  провизија .максимален број бодови
провизија

-          можност цената на услугата (провизијата) да биде платена со фактура 25 бодови

  1. Рок за доставување на понудите

Рокот за доставување понуди за лот 1 и лот 2  е до 16.12.2020.

Понудите кои нема да се достават во предвидениот рок, како и оние кои нема да ги содржат сите потребни документи нема да се земат во разгледување.

Понудата понудувачот е должен да ја достави на следнава адреса:

Царинска управа на Република Северна Македонија

(со назнака”за јавен повик број 02/20” ЛОТ 1 или ЛОТ 2)

Ул. Лазар Личеноски бр. 13

1000 Скопје

 

  1. Административни работи за јавниот повик

 

Постапката за Јавниот повик ќе ја спроведе Комисија за избор на економски најповолни понуди за лот 1 и лот 2.