Почитувани,

Во Службен весник на РСМ број 281 од 26.11.2020 година се објавни измени на Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската Kомисија.

Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската Kомисија, претставува прво дополнување на основната Уредба објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 222/2020 и со оваа уредба се усвоени девет регулативи на ЕУ донесени во период од 01.04.2020 до 30.06.2020 година. Со донесувањето на Уредбата, Република Северна Македонија ја исполнува обврската утврдена во Националната програма, како земја кандидат за членство во Европската унија, а воедно се обезбедува правна основа за еднообразна примена на Комбинираната номенклатура за стоките што се распоредени во прилозите од Уредбата и во Република Северна Македонија.

Секоја измена на Уредбата се објавува и на Интернет страната на Царинска управа во делот Бизнис заедница - Царинска тарифа.

https://customs.gov.mk/images/uredba02.12_copy_copy_copy.pdf

Со почит,