Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 15.1.2021 година.

Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект) на ден 20, 22, 26 и 28 јануари 2021 година. Царинската управа врз основа на пријавениот број на кандидати обуката ќе ја одржи во согласност со Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари од Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19 (Сл.весник бр.123/20), или со далечинско учење.

За начинот на одржување на претходаната обука како и за часот на започнување на предавањата кандидатите ќе бидат навремено известени.

Царинската управа го задржува правото за измена на терминот за одржување и распоредот на претходната обука, а за сите измени кандидатите ќе бидат навремено известени.

Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа

Лазар Личеноски 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и Преземе на кандидатот)

Сите кандидати кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават:

1.ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и

2.Доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.

Пријавата може да ја најдете тука.

Рок за доставување на пријавите: до 15. 1.2021 година

Претходната обука ќе се одржи според следниов распоред:

                                Распоред за претходна обука

Ред. бројТема на обукатаДатум
1.Царински формалности за ставање на стока на увид на царински органи20.01.2021
2.Спроведување на транзитна постапка20.01.2021
3.Царински дозволено постапување или употреба на стока20.01.2021
4.Царински постапки22.01.2021
5.Изготвување и употреба на царинска декларација22.01.2021
6.Вредност на стоката за царински потреби22.01.2021
7.Царинска  тарифа26.01.2021
8.Потекло на стока26.01.2021
9.Даноци, акцизи  и даночна политика26.01.2021
10.Нетарифни мерки и мерки на трговска политика28.01.2021
11.Транспорт и транспортно осигурување28.01.2021
12.Шпедитерско работење28.01.2021

Листата на кандидати кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување. 

За терминот и местото на одржување на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот, дополнително и навреме ќе бидете известени.      

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.