Почитувани кандидати,
Комисијата за спроведување и полагање на стручен испит за лиценциран застапник ги разгледа вашите Барања за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, при што констатира дека подолу наведените кандидати ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит, предвидени во член 13 став 1 од Законот за вршење работи за застапување во царински постапки.
Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе го полагаат стручниот испит I дел (теоретски дел) на ден 16.11.2020 година
во 10:50 часот
р.б | Презиме и име | Место на раѓање | Време на полагање | локација |
1. | ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ | Скопје | 10:50 | Просторија1 |
2. | СТЕФАН АТАНАСОВСКИ | Скопје | 10:50 | Просторија1 |
3. | МАРКО КАСАПОВ | Скопје | 10:50 | Просторија1 |
4. | ДОБРИЦА ТРАЈКОВСКА | Куманово | 10:50 | Просторија1 |
5. | ТОДЕ ЛЕШКОСКИ | Охрид | 10:50 | Просторија1 |
6. | ВЕСНА ЃОРГИЕВСКА | Св. Николе | 10:50 | Просторија1 |
7. | ВИДАН ТАСЕВ | Струмица | 10:50 | Просторија1 |
8. | ЉУПКА ПЕХЧЕВСКА | Штип | 10:50 | Просторија1 |
9. | МАРЈАН ПАЈДАКОВ | Гевгелија | 10:50 | Просторија1 |
Кандидатите наведени во Списокот ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит прв дел (теоретски дел). Полагањето започнува во 10:50 часот на Правниот факултет во Скопје
Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат лична карта заради нивна идентификација. Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:
Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.
Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.
Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.
Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.
Решението за исполнети услови за полагање на стручен испит за лиценцирани застапници, на секој кандидат, ќе му биде врачено на денот на полагањето на испитот.
Напомена:
Оние кандидати кои кон Барањето за полагање на стручен испит за лиценциран застапник доставиле „Изјава за резултати“ од положен странски јазик (Statement of results), и не успеале да го обезбедат Сертификатот за положен странски јазик, испитот ќе го полагаат во некоја наредна сесија, така што во рокот кој ќе биде определен за пријавување, задолжително ќе треба да ги достават Сертификатите во копија заверена на нотар.