Во сегашните услови на глобалната пандемија на COVID-19 низ целиот свет, а со цел да им се помогне на земјите да го забрзаат прекуграничното движење на медицински средства чија побарувачка е зголемена, Светската царинска организација (СЦО) и Светската здравствена организација (СЗО) пристапија кон координативен пристап на соработка.

Како резултат на заедничкиот напор на двете организации подготвени се референтни табели со тарифно распоредување согласно Номенклатурата на ХС (Хармонизиран систем)  на медицински производи кои се неопходни во справувањето со пандемијата, а со цел на зачувување на јавното здравје.

Овие  табели се дадени за полесно идентификување и тарифно распоредување на  медицинските средства потребни за време на пандемијата со цел полесно прекугранично движење, примена на непредвидени тарифни и нетарифни мерки, мониторинг, борба против фалсификувани материјали или превземање на мерки за решавање на нивниот недостаток. 

Препорака на СЦО

Препорака на СЦО за тарифно распоредување на вакцини и слични материјали и опрема

Листа на приоритетни лекови за време на пандемија COVID 19

INN 124 ЛИСТА COVID 19 (специјално издание)