Делегација на Царинската управа предводена од директорот м-р Ѓоко Танасоски зеде учество во активностите на 133-та и 134-та седница на Советот за царинска соработка на Светската царинска организација, што се одржа на во периодот од 27.06-29.06.2019 година, во Брисел-Белгија.

На седницата се дискутираше за клучните теми во доменот на царинската соработка и напредокот во следните области: нетарифните бариери, е трговијата, контрола на границите, поддршка на економската конкуретност, градење на капацитети, спроведување на законите, SAFE Рамката на стандарди, олеснување на трговијата, сузбивање на незаконски оптек на финансиски средства и други прашања поврзани со царинското работење.

Во своето обраќање пред делегатите, меѓудругото, г.Танасоски го истакна своето задоволство и чест да биде домаќин на 14-та годишна Пикард конференција на Светската царинска организација, која ќе се одржи од 22-24 октомври 2019 година во Скопје.

“За нас, изборот да се биде домаќин на оваа конференција е потврда и признание за напредокот што го постигнаа Царината и Владата на Република Северна Македонија во модернизацијата на Царинската управа и прифаќањето и спроведувањето на инструментите и конвенциите на СЦО за реформите и учествата во глобалната снабдувачки синџири и традиционално олеснување на трговијата“ – истакна Танасоски.

Темата на конференцијата за 2019 година е "SMART borders for seamless Trade, Travel and Transport", каде се очекуваат да се презентираат трудови фокусирани на различни теми, вклучувајќи: Big Data Analytics, Coordination and Cooperation at Borders, Cross-border, E-commerce, Special Economic Zones, Technology at the Border, Predominance of Protectionism итн.

Царинската управа и Република Северна Македонија ќе бидат почестени да им посакаат добредојде на сите претставници на ПИКАРД Конференцијата 2019, каде не едно место, за неколку дена ќе се искористи шансата да се споделат светските стручни знаења, ќе се разменат искуства за иднината на Царината, но, исто така, учесниците ќе уживаат во гостопримството на нашата земја.

Во своето обраќање, г.Танасоски го претстави и официјалното лого на 14-тата ПИКАРД конференција, фигурата на Големата мајка - археолошки артефакт откриен во неолитската населба во нашата земја која ја претставува царината како заштитник на општеството и државата, животот и благосостојбата на граѓаните, преку олеснување на развојот на земјите и отворање на вратите за меѓународна трговија и соработка.

{SCFacebookEmbeddedVideos href=https://www.facebook.com/CustomsMK/videos/432131947370842 allow_fullscreen=true show_text=false show_captions=false}


 

2
3
4
5
6
1
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6