Царинската управа најпрво ви се извинува за промената на терминот за полагање на закажаниот испит втор дел студија на случај и воедно ве известува дека полагањето на стручниот испит - втор дел (студија на случајот) кој беше закажан за ден 11.04.2019 година со почеток во 11:00 часот во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, го презакажува за ден 05.04.2019 година со почеток во 15:00 часот. Местото на одржување на испитот останува непроменето.

Причината за презакажувањето на испитот е поради активностите кои ги има Царинската управа по повод царинскиот празник кои се закажани за ден 11.04.2019 година. Останатите информации наведени во претходниот јавен оглас остануваат непроменети.