Во периодот од 19 март до 22 март 2019 година, делегација на Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваше на Третиот семинар за олеснување на трговијата за директорите на евроазиските царински администрации во организација на Царинската служба на Република Кореја. Целта на овој семинар е натамошно зајакнување на односите на соработка помеѓу земјите од Евроазискиот регион.

Организаторот и царинските администрации учеснички, со презентации и споделување на знаење и искуства го потврдија заедничкиот стремеж кон натамошно олеснување на трговијата преку воведување и користење на информациски технологии и модернизирање на царинските постапки. 

На настанот беа презентирани мерките за олеснување на трговијата, активностите што се спроведуваат во борбата против тероризмот, значењето на  едношалтерскиот систем и концептот на овластен економски оператор, како и унапредувањето на системот за анализа на ризик, но и мерките за справување со ексапнзија на е – трговијата. Посебно внимание беше посветено на т.н. UNI PASS систем, систем за електронско царинење воведен од страна на Република Кореја и базиран на платформа на blockchain технологија, како четврта генерација на автоматизираниот систем. Ова особено беше корисно за претставниците на Царинска управа на Република Македонија со оглед на фактот што во Република Северна Македонија во тек е воведувањето на нов систем за обработка на царински декларации. 

Во рамките на настанот беше организирана и посета на фабриката за производство на автомобили Hyndai, кој е имател на одобрение за овластен економски оператор. Исто така се посети и најголема локална царинарница Бусан, во чиј состав има и пристаниште. Во тек на ова посета беа презентирани и дронови и нивнат примена во борба со нелегаллна трговија, односно обработка на информациите и податоците преку UNI PASS системот. 

За време на семинарот, преставниците на Царинската управа на Република Северна Македонија имаа презентација на тема олеснувањето на трговијата, при што се презентираше досегашното искуство на Република Македонија во спроведувањето на Договорот за олеснување на трговијата на Светската трговска организација. Притоа, беа потенцирани досега спроведените проекти и мерки за олеснување на трговијата во Република Македонија (воведувањето на едношалтерскиот систем - EXIM, Новиот компјутеризиран транзитен систем, воведувањето на новиот систем за обработка на царински и акцизни документи – СОЦДАД, формирање на националниот комитет за олеснување на трговијата, информација за пред пристигнување на брзите пратки и овластениот економски оператор), но исто така беа нагласени и тековните и идни мерки и активности (соработка со деловната заедница во рамките на Советодавното тело, реконструкција и модернизација на граничните премини и соработка со соседните царински администрации).

 

DSC01105
DSC01105
DSC01209
DSC01209
DSC01240
DSC01240
Previous Next Play Pause
1 2 3