Царинската управа во периодот од 05.02 до 14.02.2019 година одржа претходна обука за 36 слушатели - кандидати кои имаат намера да полагаат испит за застапник во царинските постапки.
На обуката слушателите се запознаа со основите на царинскотот и акцизно законодавство, опфатени во 12 теми вклучително и шпедитерско работење и транспорт и транспортно осигурување.