Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден обид за криумчарење кокаин и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  делови за товарни возила, моторно масло, регистарски таблички, ремени за товар, алкохолни пијалоци, златен накит, технички производи, дребонг, облека и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Делови за товарни возила и регистарски таблички

- 16 делови за товарни возила, 40 литри моторно масло и 1 комплет регистарски таблички и сообраќајна дозвола, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, при контрола на бугарски камион, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село, во картонски кутии сместени на креветот и помеѓу седиштата во кабината на возилото, се пронајдени 16 делови за товарни возила (филтри за масло, гориво, воздух и клима) и 40 литри моторно масло. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Во вториот случај,  при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир, на задното седиште на возилото, прекриени со јакна, биле пронајдени 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола. Табличките и сообраќајната дозвола, според изјавата на возачот припаѓале на патничко возило марка FIAT Stilo, кое го продал на лице од Куманово. На тој начин возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде ставено во пропишана царинска процедура и без да бидат платени увозни давачки. Регистарските таблички и сообраќајната дозвола се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 170 ремени за врзување товар, откриени при контрола на бугарски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во држававата на граничниот премин Дојран. Непријавените ремени, пронајдени на креветот во кабината на возилото, во надворешна преграда од кабината и во просоторот за палети, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.  

Алкохолни пијалоци

- 240 литри домашна ракија и 30 литри домашно вино, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, кој бил сопрен од страна на полициски службеници на патниот правец Велес – Скопје. Алкохолните пијалоци, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени акцизни давачки, се пронајдени во багажникот на возилото. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Златен накит

- 19  парчиња златни синџирчиња со приврзок, со маса од околу 58 грама, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој како патник во турски автобус што сообраќал на редовна линија Истанбул – Гостивар, се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавениот накит, пронајден во внатрешен џеб од палтото на патникот, е привремено задржан, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Техничка стока и дребонг

- 32 употребувани компјутерски стикови Intel STK1AW32SC и Intel STCK1A32WFC, 23 адаптери за напојување на истите и 1 употребуван дребонг, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, при контрола на чешки автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле еден чешки и еден македонски државјанин, во багажникот и позади предните седишта на возилото, биле пронајдени 32 употребувани компјутерски стикови Intel STK1AW32SC и Intel STCK1A32WFC и 23 адаптери за напојување на истите. Непријавените производи се привремено задржани, а против македонскиот државјанин, кој се пријавил како сопственик на производите, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Во вториот случај, при контрола на германски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, на задното седиште на возилото бил пронајден  1 употребуван дребонг. Дребонгот е привремено задржан, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Облека

- 214 парчиња детска облека (тренерки, блузи, џемпери, јакни, фармерки и друго), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во повеќе патни торби и кеси, сместени во багажникот и пред совозачкото седиште на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.  

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 161 парчиња облека (тренерки и чорапи) со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Струмица, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

- 57 женски чанти со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Слободна Зона Скопје, при контрола на турски камион натоварен со збирна стока со потекло од Турција, наменета за увозници од Скопје и Косово. Женските чанти, пронајдени во делот од стоката што бил наменет за увозник од Косово, се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, а согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Кокаин

- 115 грама кокаин, откриени во соработка со Министерство за внатрешни работи, на граничниот премин Деве Баир, при контрола на бугарски автомобил со кој, за влез во државата се пријавиле двајца бугарски државјани, извршена по барање на полициските службеници од граничниот премин. Кокаинот, пронајден во две кесички од кои едната пронајдена под рачната кочница, а другата на подот покрај задното седиште, и лицата се предадени на полициските службеници за понатамошна постапка.

 

Alkoholni pijaloci, mobilna
Alkoholni pijaloci, mobilna
Delovi za TMV 1 i maslo, mobilna
Delovi za TMV 1 i maslo, mobilna
Drebong, mobilna
Drebong, mobilna
Kokain, Deve Bair
Kokain, Deve Bair
Kompjuterski stikovi,mobilna
Kompjuterski stikovi,mobilna
Obleka, Bogorodica
Obleka, Bogorodica
Registarski tablicki, mobilna
Registarski tablicki, mobilna
Remeni za tovar, Dojran
Remeni za tovar, Dojran
Zlaten nakit, Bogorodica
Zlaten nakit, Bogorodica
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9