Денес  во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и заменик амбасадорот на Кралството Холандија г-дин Андри ван Менс. 

На средбата беа истакнати придобивките од досегашната успешно спроведена  билатерална соработка помеѓу царинските служби на Холандија и Македонија, која датира од 2003 година а особено соработката во периодот 2003-2012, со кој се даде поддршка во унапредувањето на царинските постапки кај увозот за облагородување, економски ефект и акцизни добра, унапредување на работата на царинската лабораторија, како и воспоставувањето на систем за адекватна заштита на правата на интелектуална сопственост. На средбата се презентирани активностите кои Царинската управа ги реализира во 2018 година, во насока на надградба на стекнатите придобивки од воспоставената соработка, како и  други активности за подорување на царинското работење, пред се на полето на компјутеризацијата и олеснувањето на трговијата .  

По презентирање на претстојните приоритетни и стратешки активности на Царинската управа беа разменети предлози за идни заеднички делувања во рамки на билатерална соработка,  и нејзиното проширување.

 

Image-1 (1)
Image-1 (1)
Image-1
Image-1
Previous Next Play Pause
1 2