Делегација на Царинската управа на РМ, на 11.12.2018 година, во Белград, учествуваше на меѓународна конференција  во рамки на проектот "Забрзување на напредокот на ефективни даночни политики за тутун во земјите со низок и среден приход". 

Целта на оваа конференција беше запознавање со резултатите од истражувањата за влијанието на политиката за оданочување на тутунските производи врз намалувањето на употребата на истите, во регионот на Југоисточна Европа.

Истражувањата се направени под раководство на Универзитетот Илиноис во Чикаго, кој е носечки партнер на Блумберг иницијативата за намалување на употребата на тутунски производи.

На конференцијата беа презентирани истражувачки студии на експерти од Србија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Грузија и Романија , како и  најдобрите пракси што се применуваат во овие земји. Резултатите од презентираните истражувања се дискутираа во контекст на постоечките трендови во социјалните, економските и политичките збиднувања,  поврзани со оданочувањето на тутунски производи во земјите од Централна и  Југоисточна Европа .

 

 

Untitled-5-300x225
Untitled-5-300x225
Participants-Conference-Economics-of-Tobacco-Taxation-Belgrade-Dec-11th-300x225
Participants-Conference-Economics-of-Tobacco-Taxation-Belgrade-Dec-11th-300x225
Previous Next Play Pause
1 2