Денес  во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски, и Амбасадорот на Мисијата во Скопје на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), г-дин Клеменс Која.

На средбата, г-дин Која беше известен за претстојните приоритетни и стратешки активности кои ги презема Царинската управа во насока за понатамошно осовременување на царинското работење и забрзувањето на меѓународната трговија, како и мерките кои се преземаат за поголема безбедност на граничните премини и борбата за спречување на нелегалната трговија. При тоа, позитивно е оценета соработката и поддршката во изминатиот период, во насока на зголемување на капацитетите на вработените во Царинската управа во областа на борбата против прекуграничниот криминал. Искажана е взаемна заинтересираност за нејзино продолжување и во наредниот период.

 

Image-1
Image-1
Previous Next Play Pause
1