Со цел да се информира јавноста вистинито, транспарентно, соодветно и точно ги молиме и повикувам порталите и јавните гласила на точно и правилно информирање во врска со денешниот прекин на сообраќајот на граничниот премин Богородица.

Имено во текот на денот беше лиферувана погрешна и во потполност неточна информација дека прекинот на сообраќајот се должи на прекин на системот за работа на царината.

Вистинската причина за настанатата состојба е од надворешен фактор, поточно механичко оштетување на главниот оптички кабел на провајдерот на интернет услуги Неотел, како резултат на изведување на градежни работи кај Демир Капија.

Ве информираме дека сите системи за работа на царината се потполно исправни и функционални и во ниту еден момент не станува збор за прекин или нефункционалност на системите.

Проблемот беше надминат во 19:00 часот, и во моментот состојбата е целосно нормализирана.