Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, на 4-ти и 5-ти јуни оствари работна посета на Царинската управа на Република Хрватска, како надоврзување на претходно одржаната средба од октомври минатата година, кога беше потврден заедничкиот интерес за размена на искуства од областа на примена на законодавството на Европската Унија (во дел на царинските прописи и акцизни давачки), јакнење на информатичко-технолошките капацитети и други активности од доменот на царинското работење, вклучувајќи ја и примената на Договорот за олеснување на трговијата на Светската трговска организација.
СОРАБОТКАТА НА ЦАРИНСКИТЕ СЛУЖБИ НА МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ПОТВРДЕНА НА НОВА РАБОТНА СРЕДБА ВО ХРВАТСКА
На работната средба претставниците на двете царински служби ги договорија начините на идна соработка во домените во кои Царинската управа на Македонија би сакала да ја има Царината на Хрватска како партнер и близок соработник. што впрочем беше потврдено и на средбата со високи претставници на Министерството за финансии на Република Хрватска.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2223