Директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски, заедно со министерот без ресор, г-дин Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните компании, денес (25.10.2017 година) во Царинската управа одржаа работен состанок со претставници на околу 15 домашни компании. На состанокот присутни беа претставници и од други државни институции, како што се: Министерството за економија, Министерството за животна средина, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.

Целта на состанокот беше да се споделат мислења и заеднички да се пронајдат најсоодветните решенија за проблемите и потребите на домашните компании. Во оваа прилика претставниците на домашните компании имаа можност отворено да зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат во текот на своето работење и заедно со претставниците од државните  институции да дадат предлози за решавање, а сѐ со цел создавање подобар економски амбиент.

Состанокот го  отвори министерот Шапуриќ, кој ги поздрави присутните, истакна дека оваа средба  е надоврзување на претходните посети во домашните компании за да се информира за мерките што се преземаат и ќе бидат преземани од Владата на Република Македонија со цел зголемување на инвестициите на домашните компании, подобрување на бизнис климата во државата и дефинирање на мерки и активности кои ќе водат кон подобрување на состојбата.

Директорот Танасоски истакна дека Царинската управа е отворена за соработка со економските оператори, подготвена да даде свое видување за проблемите и во најбрз можен рок  да одговори со мерки за подобрување, почнувајќи од оние за кои во моментот нема пречки за спроведување, а во иднина ќе се напредува и кон други дополнителни мерки за кои можеби моментално постојат бариери што со заедничка соработка постепено ќе се отстрануваат.

Царинската управа максимално ќе се насочи и ќе ја поддржи секоја иницијатива за директни средби од ваков тип, што ќе помогне да се подобри работењето и да се направи чекор напред во соработката и довербата меѓу институциите и бизнис секторот.

rab sredba 1
rab sredba 1
rab sredba 2
rab sredba 2
rab sredba 3
rab sredba 3
Previous Next Play Pause
1 2 3