Царинската управа организира дополнителна обука за лиценциран застапник согласно член 33 од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16). Согласно член 12 став (1) од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16) Царинската управа ја одзема издадената лиценца за вршење на застапување во царински постапки ако лиценцираниот застапник два пати последователно не присуствувал на дополнителната обука од член 33.

 

 

Дополнителната обука се планира да биде одржана во периодот од 1.11.-31.12.2017 година.

Со цел навремено информирање на учесниците и соодветно планирање на ресурсите потребно е заинтересираните кандидати да се пријават за учество на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците потребно е да ги достават следните информации:

  • Име и презиме
  • Адреса на електронска пошта
  • Телефон за контакт (опционално)
  • Место на живеење
  • Број на лиценца

Пријавувањето ќе биде најдоцна до 30.9.2017 година.

По истекување на овој рок Царинската управа ќе подготви распоред на одржување на обуките со информации за време, место и учесници на обуките. Распоредот ќе биде објавен на интернет страната на Царинската управа.

Со цел подготовка на обуките согласно Програмата за дополнителна обука за лиценцираните застапници, но и прилагодување на обуките спрема потребите на слушателите, потребно е на истата адреса да поставите прашања кои може да се дискутираат на обуките.