Во насока на објективно и вистинито информирање на граѓаните, а во врска со деновиве актуелната тема, која се однесува на извоз на автобуси, Царинската  управа на Република Македонија информира дека на 20 јули 2017 година извршен е извоз за Казахстан на 5 нови автобуси со вкупна вредност од 777.975 евра.

Напоменуваме дека ова е официјален став на Царинската управа, а се што претходно беше пласирано во јавноста на оваа тема се шпекулации и невистини.