Во насока на продлабочување на билатералната соработка, денес (15.09.2017 година) работна средба остварија директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски и економскиот советник при Амбасада на Република Турција г-дин Бенјамин Кутлу.
За време на состанокот и двете страни изразија подготвеност за зајакнување на соработката за царинските прашања и постојана взаемна комуникација на сите нивоа, со цел правилно спроведување и на спогодбите за царинска, економска и трговска соработка, како и развој на билатералната економска соработка на Република Македонија со Република Турција.