Царински инспектори од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Блаце при контрола на патничко моторно возило во специјално направен бункер пронајдоа околу 22 килограми марихуана.  

Имено, на 13.08.2017 година околу 18:30 часот, на граничниот премин Блаце, за влез во државата се пријавил бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин од с.Белаковец, Република Бугарија. И покрај тоа што возачот изјавил дека  нема ништо за пријавување, возилото било селектирано за детална царинска контрола. При прегледот на надворешниот дел на подвозјето, од левата страна, биле забележани преправки на дел од шасијата, поради што биле отстранети предните седишта на возилото и притоа бил откриен специјално направен бункер по целата должина на левата и десната страна од подот. Во левиот дел од бункерот биле пронајдени 12 паковки а во десниот дел биле пронајдени уште 13 паковки обвиткани со стреч фолија, исполнети со непозната зеленкаста тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога добиени се индикации дека се работи за наркотична дрога марихуана, со вкупна маса од околу 22 килограми.

Лицето и дрогата се предадени на Одделението за истраги за понатамошна постапка.  

По преземање на случајот и по спроведената преткривична постапка, инспекторите од Одделението за истраги дојдоа до сознание дека осомничениот по претходен договор со лице од Косово, се согласил да пренесе поголема количина на наркотична дрога - марихуана до западно европските земји за паричен надомест од 3000 евра. 

Царинската управа против осомничениот поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 став 4 и став 7 од Кривичниот законик, додека осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во ОС Скопје 1, Скопје кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Покрај тоа, во текот на минатата недела биле откриени и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани готови пари, солариум, апарат за заварување, автоделови и облека.

Задржана е следната стока:

Готови пари

- 6.500 американски долари и 5.740 евра, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики.

Во првиот случај, при личен претрес на државјанин на Обединетите Арапски Емирати, кој допатувал со лет од Истанбул, биле пронајдени непријавени 11.340 евра и 7.000 американски долари. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 9.600 евра и 500  американски долари, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека 6.500 американски долари и 1.740 евра се привремено задржани.

Во вториот случај, при личен претрес на македонски државјанин кој допатувал со лет од Цирих, во плик сместен во рачната чанта на патникот биле пронајдени непријавени 14.000 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека 4.000 евра се привремено задржани.

Во двата случаи против патниците се поднесни прекршочни пријави за сторените девизни прекршоци.

Разна стока

- 1 употребуван солариум PHILIPS SUN RELAXMOBILE, 1 употребуван апарат за заварување и 2 диска за кочници BREMBO 09.A621.11, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во просторот за сместување палети и просторот за алат, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 360 спортски шалови и дресови со ознаки на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на турски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка. 

 Devizi1,AerodromSK
Devizi1,AerodromSK
 Dresovi,salovi,AerodromSK
Dresovi,salovi,AerodromSK
 Marihuana1,mobilna
Marihuana1,mobilna
 Marihuana2,mobilna
Marihuana2,mobilna
 Marihuana 013
Marihuana 013
 Razna stoka,Tabanovce
Razna stoka,Tabanovce
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6