Царинската управа на Република Македонија информира дека има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распоредуваат во тарифните броеви 0203, 0406 90 и 2201 поради целосно искористување на количините на квоти предвидени за првото тромесечие од 2017 година за стоки со потекло од Европска унија.

За стоките од тарифните броеви 0203, 0406 90, почнувајќи од 04.01.2017 година, царинските давачки (царинска стапка и специфична давачка) во рамки на квота изнесува 70% од МФН.

За стоките од тарифниот број 2201, почнувајќи од 04.01.2017 година, царинските давачки во рамки на квота изнесуваат 12%.