Ве информираме дека од страна на грчката царинска служба најавен е штрајк на грчките царински служби. Според најавите, на граничните премини  кон Република Грција во период 9.11.2017 до 10.11. 2017 година (од 5 до 5 часот наутро на ГП Ники/Меџитлија и од 5 до 24 часот на 9.11.2017 година на ГП Евзони/Богородица и ГП Дојрани/Дојран) од грчка страна нема да бидат пропуштани товарни и патнички моторни возила, освен итни случаи, а пешаците слободно ќе можат да се движат.