- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 64
Вчера (07.01.2021 година во 20,50 часот), по остварен контакт со надлежните гранични служби, добиено е известување дека претходната забрана за сообраќај во периодот од 21.00 до 05.00 часот која започна на 02.01.2021 година, се укинува и ГП Евзони од 07.01.2021 година од 20.00 часот ќе биде отворен за секаков вид на сообраќај, но и понатаму останува забраната за влез на МКД државјани освен за ТМВ.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 52
Според добиеното известување од Националниот координативен центар за гранично управување, на граничниот премин Дојран забраната за проток на патници и возила ќе продолжи до 11.01.2021 година.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 114
Ве известуваме дека од утре, 24.11.2020 од 05:00 часот па се до 25.11.2020 до 05:00 часот по македонско време, граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај поради штрајк на грчките царински служби.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 150
Ве известуваме дека поради реконструкција на главната разводна табла зе електрична енергија на ГП Блаце –отсек стоково царинење, утре на 31.01.2020 година во периодот од 08-12 часот ќе има прекин на електричното напојување на царинскиот терминал и повремен застој во работата на Царинската испостава Блаце –стоково царинење.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 795
Ве информираме дека имплементирањето во продукција на нова надградена верзија на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM заврши и системот е повторно во функција, а со тоа престанува и примената на хартиена постапка во EXIM.
Ви благодариме на разбирањето.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2021
- на ГП Меџитлија од 06,00 часот на 05.01.2020 до 24,00 часот на 06.01.2020 год. ќе има забрана за влез на товарни моторни возила во Р.Грција
- на ГП Стар Дојран од 05,00 часот на 05.01.2020 до 23,00 часот на 06.01.2020 год. ќе има забрана за влез на товарни моторни возила со носивост од над 1,5 тони во Р.Грција
- на ГП Богородица од 05,00 часот на 05.01.2020 до 24,00 часот на 06.01.2020 год. ќе има забрана за влез на товарни моторни возила во Р.Грција
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 1656
Ве информираме дека e завршена интервенцијата за миграција на EXIM системот на нова хардверска платформа и истиот е повторно во примена.
Во прилог Ви го доставуваме Известувањето за ПРЕКИН НА ПРИМЕНА на хартиени документи поради технички проблеми поврзани со EXIM, број 24 - 078860/19 – 0002.
Ви благодариме на разбирањето.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 1869
Ве информираме дека e завршена интервенцијата за миграција на EXIM системот на нова хардверска платформа и истиот е повторно во примена, а со тоа престанува и примената на хартиена постапка во EXIM.
Заради тоа ви даваме насоки за постапување со дозволите издадени во хартиена форма (во резервна постапка) од другите институции корисници на EXIM.
Декларациите кон кои се приложени дозволи, лиценци или одобренија издадени во хартиена форма да бидат обработени, односно доведени до статус „Увезено“ или „Пуштено за извоз“ до 12 часот на 01.11.2019 година.
Декларации кон кои се приложени дозволи издадени во електронска форма во EXIM да не се поднесуваат до 01.11.2019 година до 12 часот.
По 12 часот на 01.11.2019 година, декларантите можат да поднесуваат декларации кон кои се приложени дозволи, лиценци или одоренија издадени во електронска форма.
Доколку декларантот поседува лиценца издадена во хартиена форма, а за истата не поднел декларација, истата не може да ја користи и треба да биде издадена во електронска форма пред поднесување на декларацијата.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2362
Ве информираме дека поради подолг прекин на електрична енергија во Царинската управа, предизвикан е хардверски дефект на EXIM системот и истиот е недостапен. Во моментов се работи на миграција на системот на нов хардвер.
Согласно Уредбата за воспоставувањето и начинот на користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки се пристапува кон Правилата за примена на алтернативна хартиена процедура во случај на технички проблеми поврзани со EXIM.
Во прилог Ви го доставуваме Известувањето за ПРИМЕНА на хартиени документи поради технички проблеми поврзани со EXIM, број 24 - 078860/19 – 0001.
По надминување на проблемот ќе бидете известени за прекин на алтернативната хартиена процедура.
Ви благодариме на разбирањето.
Упатство за примена на хартиени документи во случај на технички проблем во EXIM
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 1709
Царинската управа на Република Северна Македонија информира дека патничкиот сообраќај на граничниот премин Златарево/ Ново село е повторно во функција, после неколку часовниот прекин настанат поради пожар на граничниот премин Златарево - Република Бугарија.