Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека на ден 21.01.2022 година со почеток во  10:00 часот, во просторијата број 1 на “Европскиот универзитет“- Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број 68 (на трети кат), ќе се спроведе полагање на стручен испит за вториот дел од испитот –студија на случајот со кој се проверува способноста за примена на царинските прописи во практиката, за кандидати кои го положиле првиот дел (теоретски дел).

Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај) се:

 

р.бПрезиме и имеВреме на полагањелокација
1.БИБЕРОВИЌ АНЕС10:00Просторија 1
2.ВЕЉАНОСКИ ВЛАТКО10:00Просторија 1
3.ГОРБАШЛИЕВА МАКЕДОНКА10:00Просторија 1
4.ДОДИЌ РЕНАТА10:00Просторија 1
5.ЈОВАНОВИЌ ДАВОР10:00Просторија 1
6.ЈОВАНОВСКА ТАМАРА10:00Просторија 1
7.МИЛИЕВИЌ ЈЕЛЕНА10:00Просторија 1
8.НАСТЕВСКА ВЕРОНИКА10:00Просторија 1
9.НИКОЛОСКИ ДАНИЕЛ10:00Просторија 1
10.САПЛАМАЕВА ПЕТРА10:00Просторија 1
11.ЌИРИЌ СТЕФАН10:00Просторија 1

- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, да во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени за полагање на втор дел од испитот. 

-Исто така ги повикуваме и оние кандидати кои се упатуваат на поправен испит (по втор пат) односно не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот. Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

 

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05.02

Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје), 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

 

 

Се известуваат сите лиценцирани царински застапници кои до сега имале поднесено барање за издавање на легитимација за лиценциран застапник дека истите може да ги подигнат секој работен ден во канцеларија број 10 во Царинска управа (стара зграда). Пожелно е едно лице од  поголемите иматели на одобрение за вршење на работи за застапување да ги подигне сите легитимации за своите колеги.

Доколку не сте во можност да ги подигнете легитимациите oд просториите на Царинската управа, потребно е да не известите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и заеднички ќе го договориме начинот на достава преку Царинарниците.

Лиценцираните царниски застапници кои воспоставиле работен однос кај друг имател на одобрение за царинско застапување имаат обврска да ја вратат старата легитимација  и да поднесат  барање за издавање на нова легитимација согласно член 8 ставот 4 од законот Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки.

Лиценцираните застапници кои се во работен однос и кои не поднеле барање за издавање на легитимација потребно е да поднесат барање во согласност на членот 8 став 1 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки. Со лиценцата од членот 7 на овој закон, на барање на лиценцираниот застапник Царинската управа му издава и легитимација за лиценциран застапник.

За повеќе информации во врска со поднесување на барањето за издавање на легитимација за лиценциран застапник, ве упатуваме на https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/zastapuvanje-mk/1313-licenci-mk.

 

 

Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на  Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-11684/2 од 22.12.2021 година Царинската управа  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2021

за вработување на 1 (еден) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2022)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на определено време до крајот на тековна фискална година (2022):

  1. Советник на директорот во Царинска управа, 1 извршител,

Општи услови за сите работни места:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место и

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Советник на директор

-          ниво на квалификации: VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240  кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-          најмалку четири години работно искуство на царински работи или во струката.

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

-          Доказ за државјанство;

-          Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);

-          Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек;

-          Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

-          Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија-само за работните места каде што се бара работно искуство).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Советник на директор – 47.820,00  денари,

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2022 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 31.12.2021 година (петок).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 3/2021“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

Почитувани,

Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација на користење на модулите Систем за наплата и сметководство и Систем за управување со гаранции (АРС/ГМС) на системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД).

Целта на оваа презентација е да се унапреди соработката со економските оператори, при што учесниците ќе имаат можност:

-          да се запознаат со можностите кои им се на располагање со овие модули,

-          да се информираат за најчестите проблеми или грешки во делот на наплата и гаранции,

-          да дадат повратна информација како крајни корисници доколку треба нешто да се подобри

Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 28.12.2021 година (вторник) со почеток во 14,00 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 27.12.2021 година (понеделник) со пополнување на регистрациска форма до која се пристапува ОВДЕ

 

 

 

Списокот на кандидати кои повторно ќе го полагаат вториот дел од испитот (студија на случај) на ден 22.12.20201 година

во 14:00 часот

 

Р.брИме и презиме на кандидатотВреме на полагањеЛокација
1.ЈОРДАНОВСКИ ДАРКО     14:00Просторија 1
2.ЛАЗАРОВА ИЛИЕВСКА МАРИНА14:00Просторија 1
3.НАСТОВА ЦВЕТКОВИЌ ДАНИЕЛА14:00Просторија 1
4.ЏАЈКОСКА БОКЕРЕСКА КРИСТИНА14:00Просторија 1

 

 

Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) на ден 23.12.20201 година

во 10:00 часот

 

р.бИме и презиме на кандидатотВреме на полагањелокација
1АЛИТИ МУСА10:00Просторија1
2АНГЕЛЕСКА ЕЛЕНА10:00Просторија1
3БЕРИША ЕМИР10:00Просторија1
4БИБЕРОВИЌ АНЕС10:00Просторија1
5БЛАЖЕСКА ВЕЛЕСКА АЛЕКСАНДРА10:00Просторија1
6ВЕЉАНОСКИ ВЛАТКО10:00Просторија1
7ГАВРОСКИ НИНОСЛАВ10:00Просторија1
8ГОРБАШЛИЕВА МАКЕДОНКА10:00Просторија1
9ДОДИЌ РЕНАТА10:00Просторија1
10ЃОРГИЕВСКИ МАРТИН10:00Просторија1
11ИЛИЕВСКИ ДРАГАН10:00Просторија1
12ЈАНЕВСКИ МАРКО10:00Просторија1
13ЈОВАНОВИЌ ДАВОР10:00Просторија1
14ЈОВАНОВСКА ТАМАРА10:00Просторија1
15КРСТИЌ НИКОЛА10:00Просторија1
16МИЛИЕВИЌ ЈЕЛЕНА10:00Просторија1
17МИОВСКА ОЛИВЕРА10:00Просторија1
18НАСТЕВСКА ВЕРОНИКА10:00Просторија1
19НИКОЛОВСКИ МАРТИН10:00Просторија1
20НИКОЛОСКИ ДАНИЕЛ10:00Просторија1
21ПЕТРУШЕВИЌ МАРКО10:00Просторија1
22ПЕЦОВА ТЕОДОРА10:00Просторија1
23САПЛАМАЕВА ПЕТРА10:00Просторија1
24ТАНОВ ПЕТАР10:00Просторија1
25ТРАЈКОВСКА ДОБРИЦА10:00Просторија1
26ЌИРИЌ СТЕФАН10:00Просторија1
27ЦВЕТАНОВСКИ ЈАНЕ10:00Просторија1
28ЏАВИТИ ЕЛФАТИ10:00Просторија1

На оние кандидати кои по прв пат го полагаат испитот за лиценциран застапник, Решенијата за исполнети услови ќе им бидат поделени на деното на полагањето.

Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 25.1.2022 година. 

Почитувани,

Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација на тема Одлука за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2022 година, која е составен дел на Законот за Царинска тарифа.

Целта на оваа презентација е економските оператори да се запознаат со измените на Царинската тарифа за 2022 година со која се усогласени:

-          системот на имиња и нумерички ознаки (номенклатурата),

-          единечните мерки,

-          забелешките кон соодветните оддели и глави

со номенклатурата на Комбинираната номенклатура на Европската унија.

Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 23.12.2021 година (четврток) со почеток во 14,00 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 22.12.2021 година (среда) со пополнување на регистрациска форма до која се пристапува ОВДЕ

 

 

 

Почитувани,

Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација за почеток на примена на новите алтернативни применливи правила на потекло во Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.

Целта на оваа презентација е економските оператори да се запознаат со новините од областа на потекло на стока кои стапија на сила и се применуваат од 3ти ноември 2021 година по објавата во Службен весник број 245/2021.

Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 17.11.2021 година (среда) со почеток во 14,00 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 16.11.2021 година (вторник) со пополнување на регистрациска форма до која се пристапува ОВДЕ

 

 

Почитувани,

Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација на   Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2022 година.

Целта на оваа презентација е економските оператори да се запознаат со сите измени и нови тарифни ознаки што ќе се применуваат од 1-ви јануари 2022 година. Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа се менува секоја година со цел усогласување со Комбинираната номенклатура на Европската унија, а во 2022 година се воведуваат и многу нови тарифни броеви и подброеви согласно номенклатурата на Хармонизиран систем.

Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 25.11.2021 година (четврток) со почеток во 13,00 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 23.11.2021 година (вторник) на следната адреса на електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и да наведат име и презиме на учесникот, компанија каде се вработени и адреса на електронска пошта на која ќе биде доставена поканата.

 

 

 

Почитувaни,

Во врска со Известувањето за организирање на вонредна дополнителна обука за оние лиценцирани застапници на кои им е одземена лиценцата по основ за непосетување на две последователни дополнителни обуки, објавено на ден 12. 8. 2021 година, ве известуваме дека овие обуки се одложуваат.

Сите пријавени лиценцирани застапници ќе бидат навремено известени за новите термини, како и за останатитеинформациие поврзани со овие обуки.