Царинската управа на Република Северна Македонија ја известува јавноста за важечките прописи кои го регулираат привремениот увоз на транспортни средства (патнички моторни возила, пловила, моторцикли и сл.), а се со цел да избегне неправилен и незаконски начин на постапување заради непознавање на важечките прописи.

Почитувани кандидати,

Царинската управа ве известува дека во период од 03.03.2022 до 09.03.2022 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, во архивата на Царинска управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.04.02, кој можете да го најдете на link.

I.Кандидатите кои ја имаат посетено претходната обука и по прв пат поднесуваат барање за полагање на прв дел (теоретски) од стручниот испит за лиценциран застапник, задолжително кон барањето треба да ги поднесат следниве документи:

1.Диплома за завршено најмалку средно образование (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

2. Доказ за работно искуство од најмалку една година во областа на царинското работење (во оригинал или фотокопија заверена на нотар). 

3.Сертификат за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор член на здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција А1 (А1) ниво на ЦЕФР ((CEFR), односно ФЦЕ, БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

4.Уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник (само во фотокопија) и

5.Административна такса од 50 денари и 500 денари за изработка на одлука -Решение за исполнети услови за полагање стручен испит за лиценциран застапник.

II.Право да поднесат пријава и да го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат и оние кандидати кои во претходните сесии не успеале да го положат испитот во целост. За секое понатамошно полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, согласно Правилникот, се наплаќа надоместок во износ од 6.000,00 денари. Овие кандидати поднесуваат само пријава на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-ОБ.05.02 и уплатница од 6.000,00 денари. Link

Уплатата за сите кандидати се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управ ул. „Лазар Личеноски“ број 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: за административна такса и изработка на одлука за лиценциран застапник.

По завршување на рокот за пријавување, Царинската управа ќе ги разгледа доставените документи и на својата веб страна, ќе објави список на кандидати кои ги исполнуваат условите за да го полагаат испитот.

Полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник е закажано за 14.03.2022 година со почеток во 10:00 часот во просториja број 1 на Европскиот универзитет – Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број б8 (на трети кат).

Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат и лична карта заради нивна идентификација.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека, Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 01-10.02.2022 година  се изготвени.

Сите кандидати кои ја посетуваа оваа претходна обука потребно е лично (со документ за идентификација) да дојдат во просториите на Царинска управа на адреса „Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на први спрат во Одделението за царински и даночни постапки, соба број 8 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, за да ги подигнат Уверенијата, започнувајќи од 28.02 до 02.03.2022 година.

Доколку некои од кандидатите не се во можност (од било која причина) да дојдат лично и да го подигнат Уверението за посетена претходна обука,  во тој случај Уверението може во нивно име да ги подигне било кое лице од нив ангажирано, кое лице задолжително мора да се легитимира со лична карта. 

Ако и на ваков начин кандидатите не ќе можат да ги подигнат своите Уверенија, тогаш Царинска управа истите ќе им ги доставени на домашна адреса наведена во пријавата.  

Кандидатите кои нема да можат да ги подигнат Уверенијата на претходните два начина односно сакаат Уверенијата да им бидат доставени по пошта на домашна адреса, должни се со електронска порака да го известат одговорното лице за стручни и административни работи, Весна Петреска на следнава е-меил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Известување!

Почитувни кандидати,

Царинската управа Ве известува дека на ден 21.02.2022 година со почеток во  10:00 часот, во просторијата број 1 на Европскиот универзитет Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број 68 (на трети кат) е закажано повторното полагање (поправен испит) за вториот дел од испитот –студија на случајот.

1.Право да го пријават и полагаат поправниот испит го имаат оние кандидати кои не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот и се упатуваат на поправен испит само за вториот дел.

Заинтересираните кандидати испитот го пријавуваат на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-ОБ.05.02 - Пријава за повторно полагање на стручен испит за лиценциран застапник.  Кликни тука

Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управ ул.„Лазар Личеноски“ 13,  1000 Скопје,

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на втор дел од испитот – студија на случај за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05.02, започнувајќи од 01.02.2022 се до 15.02.2022 година.

2.Исто така право да го полагаат вториот дел од испитот (студија на случај) го имаат и оние кандидати кои го положиле првиот дел од испитот (теоретски дел) но не го полагале вториот дел (студија на случај), односно по прв пат се пријавуваат да го полагаат вториот дел од испитот.

Сите кандидати кои ќе се пријават потребно е на денот на полагањето да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

 

 

 

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека Уверенијата за положен стручен испит за  лиценциран застапник, за кандидатите кои полагаа на ден 21.01.2022 година се изготвени. Сите кандидати кои го положија испитот можат да дојдат во просториите на Царинска управа  ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на I спрат во Одделени за царински и даночни постапки соба бр.8 , секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, започнувајќи од 27.01.2022 до 10.02.2022.

Исто така, Ве известуваме дека Уверенијата може во ваше име или во име на повеќе кандидати да ги подигне и друго лице.

Доколку некои од кандидатите се спречени да дојдат во просториите на Царинска управа или не можат да обезбедат друго лице кое во нивно име ќе го подигне Уверението за положен испит, потребно е да испратат електронска порака на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а Уверенијата ќе им бидат доставени на домашна адреса наведена во пријавата. 

 

 

 

Почитувани,

Како што веќе беше најавено Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со UNECE, и во соработка со Европската комисија, Светската банка, ЦЕФТА и други партнери, го организираме четвртиот вебинар за Едношалтерскиот систем и размена на податоци за Западен Балкан. Вебинарот ќе се одржи на 26-27 јануари 2022 година. Во прилог погледнете ја прелиминарната агенда, вклучувајќи ги и линковите за приклучување на вебинарот. Вебинарот ќе биде на англиски јазик

На вебинарот ќе може да слушнете кратки презентации за плановите за развој на Едношалтерски систем во Албанија, Северна Македонија и Србија и презентации на клучните организации што ја поддржуваат оваа работа, вклучително UNECE (UN/CEFACT), Светска банка, Европската комисија, ЦЕФТА, UNCTAD/ASYCUDA, итн. Понатаму, би сакале да ја фокусираме дискусијата на важноста од развивање на модели на податоци; употреба на меѓународни стандарди; и интероперабилноста на UN/CEFACT стандардите за дигитализација на тековите на мултимодални транспортни податоци и регулаторните (вклучувајќи ги царинските) ИТ и Single Window системи (видете го пакетот стандарди за мултимодален транспорт на податоци и размена на документи на https://unttc.org/stream/ electronic-trade-and-transport-documents-and-data  и https://unece.org/trade/uncefact/mainstandards

Агенда:

 

 

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека на ден 21.01.2022 година со почеток во  10:00 часот, во просторијата број 1 на “Европскиот универзитет“- Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број 68 (на трети кат), ќе се спроведе полагање на стручен испит за вториот дел од испитот –студија на случајот со кој се проверува способноста за примена на царинските прописи во практиката, за кандидати кои го положиле првиот дел (теоретски дел).

Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај) се:

 

р.бПрезиме и имеВреме на полагањелокација
1.БИБЕРОВИЌ АНЕС10:00Просторија 1
2.ВЕЉАНОСКИ ВЛАТКО10:00Просторија 1
3.ГОРБАШЛИЕВА МАКЕДОНКА10:00Просторија 1
4.ДОДИЌ РЕНАТА10:00Просторија 1
5.ЈОВАНОВИЌ ДАВОР10:00Просторија 1
6.ЈОВАНОВСКА ТАМАРА10:00Просторија 1
7.МИЛИЕВИЌ ЈЕЛЕНА10:00Просторија 1
8.НАСТЕВСКА ВЕРОНИКА10:00Просторија 1
9.НИКОЛОСКИ ДАНИЕЛ10:00Просторија 1
10.САПЛАМАЕВА ПЕТРА10:00Просторија 1
11.ЌИРИЌ СТЕФАН10:00Просторија 1

- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, да во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени за полагање на втор дел од испитот. 

-Исто така ги повикуваме и оние кандидати кои се упатуваат на поправен испит (по втор пат) односно не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот. Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

 

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05.02

Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје), 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

 

 

Се известуваат сите лиценцирани царински застапници кои до сега имале поднесено барање за издавање на легитимација за лиценциран застапник дека истите може да ги подигнат секој работен ден во канцеларија број 10 во Царинска управа (стара зграда). Пожелно е едно лице од  поголемите иматели на одобрение за вршење на работи за застапување да ги подигне сите легитимации за своите колеги.

Доколку не сте во можност да ги подигнете легитимациите oд просториите на Царинската управа, потребно е да не известите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и заеднички ќе го договориме начинот на достава преку Царинарниците.

Лиценцираните царниски застапници кои воспоставиле работен однос кај друг имател на одобрение за царинско застапување имаат обврска да ја вратат старата легитимација  и да поднесат  барање за издавање на нова легитимација согласно член 8 ставот 4 од законот Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки.

Лиценцираните застапници кои се во работен однос и кои не поднеле барање за издавање на легитимација потребно е да поднесат барање во согласност на членот 8 став 1 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки. Со лиценцата од членот 7 на овој закон, на барање на лиценцираниот застапник Царинската управа му издава и легитимација за лиценциран застапник.

За повеќе информации во врска со поднесување на барањето за издавање на легитимација за лиценциран застапник, ве упатуваме на https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/zastapuvanje-mk/1313-licenci-mk.

 

 

Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на  Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-11684/2 од 22.12.2021 година Царинската управа  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2021

за вработување на 1 (еден) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2022)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на определено време до крајот на тековна фискална година (2022):

  1. Советник на директорот во Царинска управа, 1 извршител,

Општи услови за сите работни места:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место и

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Советник на директор

-          ниво на квалификации: VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240  кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-          најмалку четири години работно искуство на царински работи или во струката.

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

-          Доказ за државјанство;

-          Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);

-          Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек;

-          Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

-          Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија-само за работните места каде што се бара работно искуство).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Советник на директор – 47.820,00  денари,

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2022 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 31.12.2021 година (петок).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 3/2021“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

Почитувани,

Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација на користење на модулите Систем за наплата и сметководство и Систем за управување со гаранции (АРС/ГМС) на системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД).

Целта на оваа презентација е да се унапреди соработката со економските оператори, при што учесниците ќе имаат можност:

-          да се запознаат со можностите кои им се на располагање со овие модули,

-          да се информираат за најчестите проблеми или грешки во делот на наплата и гаранции,

-          да дадат повратна информација како крајни корисници доколку треба нешто да се подобри

Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 28.12.2021 година (вторник) со почеток во 14,00 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 27.12.2021 година (понеделник) со пополнување на регистрациска форма до која се пристапува ОВДЕ