Царинската управа на Република Северна Македонија ја известува јавноста за важечките прописи кои го регулираат привремениот увоз на транспортни средства (патнички моторни возила, пловила, моторцикли и сл.), а се со цел да избегне неправилен и незаконски начин на постапување заради непознавање на важечките прописи.

Појаснуваме дека привремен увоз значи царинска постапка според која одредена стока, вклучувајќи и транспортни средства, може да се внесе во царинското подрачје со целосно ослободување од плаќање увозни давачки и повторно да се извезе во одреден рок во непроменета состојба, при што условите и начинот на одобрување е регулиран со Конвенцијата за привремен увоз - Истанбулска Конвенција, одредбите од Царинскиот закон(членови 150-157) и одредбите од Уредбата за спроведување на царинскиот закон (членови 367-374).

За сите подетални информации, граѓаните може да се обратат до Царинската управа на електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефонски број 02 3 293967 или на 02 3 293972  и ќе ги добијат сите подетални информации поврзани со оваа постапка.