Почитувани кандидати,

Комисијата за спроведување и полагање на стручен испит за лиценциран застапник ги разгледа вашите Барања за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, при што констатира дека подолу наведените кандидати ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит, предвидени во член 13 став 1 од Законот за вршење работи за застапување во царински постапки.

 

Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе го полагаат стручниот испит I дел (теоретски дел) на ден 08.03.2021 година

во 13:50 часот

 

р.бПрезиме и имеМесто на раѓањеВреме на полагањелокација
1.МАРИНЕЛА ТОШЕВСКАСкопје13:50Просторија 1
2.МАРКО ПЕТРУШЕВИЌКуманово13:50Просторија 1
3.НИКОЛА КРСТИЌКуманово13:50Просторија 1
4.НИНОСЛАВ ГАВРОСКИТетово13:50Просторија 1
5.ЕЛФАТИ ЏАВИТИСкопје13:50Просторија 1
6.ЗОРАН СТАМЕСКИСтруга13:50Просторија 1
7.САШО КОЦЕВШтип13:50Просторија 1
8.КРИСИТНА Б. ЏАЈКОСКАОхрид13:50Просторија 1
9.ТОДОР АНЃЕЛКОСКИОхрид13:50Просторија 1
10.СТАНЧЕ ПЕТРЕСКАОхрид13:50Просторија 1
11.РОБЕРТ МАКРЕСКИПрилеп13:50Просторија 1
12.ГОЦЕ СТОЈАНОВСКИСкопје13:50Просторија 1
13.ИРЕНА Д. АЛЕКСОВБитола13:50Просторија 1
14.ВИНЕТА К. СТОЈАНОСКАПрилеп13:50Просторија 1
15.ДОБРИЦА ТРАЈКОВСКАКуманово13:50Просторија 1
16.ДАРКО ЈОРДАНОВСКИСкопје13:50Просторија 1
17.ДАМЈАН СОТИРОВСКИСкопје13:50Просторија 1
18.ТОДОР ТОФИЛОСКИГостивар13:50Просторија 1
19.МАРИНА И. ЛАЗАРОВАСкопје13:50Просторија 1
20.ВИДАН ТАСЕВСтрумица13:50Просторија 1
21ДАНИЕЛА Ц. НАСТОВАНеготино13:50Просторија 1
22НАТАЛИЈА АНДОНОВАСкопје13:50Просторија 1
23.ХРИСТИЈАН ПАВЛОСКИСкопје13:50Просторија 1

Кандидатите наведени во Списокот ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит прв дел (теоретски дел). Полагањето започнува во 13:50 часот на Правниот факултет во Скопје

Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат лична карта заради нивна идентификација. Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

Решението за исполнети услови за полагање на стручен испит за лиценцирани застапници,  на секој кандидат,  ќе му биде врачено на денот на полагањето на испитот.

Напомена:

Оние кандидати кои кон Барањето за полагање на стручен испит за лиценциран застапник доставиле „Изјава за резултати“ од положен странски јазик (Statement of results), и не успеале да го обезбедат Сертификатот за положен странски јазик, испитот ќе го полагаат во наредните сесии, така што во рокот кој ќе биде определен за пријавување, задолжително ќе треба да ги достават Сертификатите во копија заверена на нотар.