Царинската управа Ве известува дека Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 05.02.2019 до 14.02.2019 година  се изготвени. Сите кандидати кои ја посетуваа оваа претходна обука можат да дојдат во просториите на Царинска управа на адреса „Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на I спрат канцеларија број 10 (Одделени за царински и даночни постапки), секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, за да ги подигнат Уверенијата, започнувајќи од 21.10 до 01.03..2019 година. 

Уверенијата може да ги подигнат лично или може еден кандидат да ги подигне за повеќе кандидати кои ја посетуваа обуката.  

Доколку кандидатите не се во можност да дојдат во просториите на Царинска управа, ниту во нивно име да ги земе друго лице, потребно е да го известат одговорното лице за стучни и административни работи во Царинската управа на следанва е-меил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а Уверенијата ќе им бидат доставени по пошта на домашна адреса наведена во пријавата.

Весна Петреска - одговорно лице за стручни и административни работи.