Со ова дополнување на известување ги повикуваме и оние кандидати кои го положиле првиот дел но не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот и се упатуваат на поправен испит, да се пријават доколку имаат намера да го полагаат вториот дел од стручниот испит закажан за 25.01.2019 година со почеток во 14:30 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б. Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа

Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник: 090030017578714

Приходна шифра и програма: 725939 20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-OБ.05,05.01 заклучно до 16.01.2019 година.

Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.