Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15 и 190/16), Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, на отпад на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/16)

и Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.45/17), Царинската управа на Република Македонија, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад 

Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.

Преземањето на движните ствари е без надомест.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од наведените локации и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во Царинската управа во Скопје, ЦИ Блаце, Царинарница Куманово, Царинарница Штип, ЦИ Деве Баир, ЦИ Гевгелија, ЦИ Меџитлија, ЦИ Битола и Ќафасан.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.

Лица за контакт во врска со јавниот повик: Валентина Чучанова, телефон за контакт: 070 358 766, електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Зулќуфли Јашари, телефон за контакт: 071740013, електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Царинската управа, Сектор за административни и технички работи, ул. ,,Лазар Личеноски’’ бр.13 – 1000 Скопје или електронски, преку следниот линк http://www.customs.gov.mk објавен на веб страната на Царинската управа.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 02.09.2017 година до 16:30 часот. 

Инструкција по јавен повик