Секторот за информатички и комуникациски технологии врши работи кои се однесуваат на планирање, организирање и развој на ИКТ системите; имплементација и одржување на ИКТ системи; планирање, избор, имплементација и одржување на хардвер, мрежни уреди, бази на податоци, оперативни системи, апликации и уреди за ИКТ сигурност; апликативна и техничка поддршка на корисниците во користење на ИКТ системите и апликациите; програмирање и имплементација на софтверски решенија за нови ИКТ системи или за унапредување на постоечките; планирање, развој и одржување на ИКТ системите во насока на обезбедување непрекинат и безбеден процес на пренос на податоци во рамките на Царинската управа и организирање на размена на податоци со државни институции, царински управи на други земји, соседни држави, држави од Европската заедница и други субјекти; следење на најдобри пракси и стандарди за управување со ИКТ ресурси и давање предлози за нивна примена во ИКТ развојот на ЦУ и друго
За извршување на работите на Сектор за информатички и комуникациски технологии се формираат следните одделенија и служби:
- Одделение за техничка поддршка
- Служба за ИКТ инфраструктура
- Служба за ИКТ контрола и безбедност
- Одделение за апликативна поддршка
- Служба за управување со апликации
- Служба за податочно складирање
- Служба за корисничка поддршка
- Одделение за програмирање и развој
- Служба за програмирање
- Служба за развој
Контакт (генерлен контакт од секторот – фиксен телефон)