Секторот за финансиски прашања врши работи кои се однесуваат на контролирање на спроведувањето на финансиското управување и контрола, следење на целосното и навремено прибирање на сопствените приходи, навременото плаќање на расходите во согласност со процедурите за преземање на обврски и извршување на плаќања, следење на усогласеноста на извршувањето на буџетот во целост или за одделни буџетски ставки со процедурите донесени од раководителот на субјектот и/или министерот за финансии, следење на буџетското и финансиското известување, подготвување на предлог буџетот за наредната година и повеќегодишните проекции поврзани со буџетот и слично.
Секторот работните задачи од својот делокруг ги извршува преку:
- Одделение за финансии и сметководство
- Служба за сметководство и плаќања
- Служба за буџетска контрола и координација
- Одделение за наплата на приходи
- Служба за гаранции
- Служба за наплата на приходи
- Служба за присилна наплата
Контакт (генерлен контакт од секторот – фиксен телефон)