Увоз на возила

Колку царина се наплаќа за увоз на електрично возило од Кина?

Согласно Законот за царинска тарифа, царинската стапка за увоз на електрични воила е 5% од царинската основица која ја претставува вкупната фактурна вредност плус додадени транспортни и други манипулативни трошоци.

Данокот на додадена вредност изнесува 18%. Даночната основица ја сочинува царинската основица зголемена за износот на пресметаната царина.

Дали може да се регистрира автомобил марка AUDI A4 произведен во ноември 2001 година со B04?

Во врска со Вашето прашање Ве информираме дека потребно е да се внимава на исполнување на хомологациски услови, царинската постапка се спроведува и давачките се плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед за сообразност со хомологациските услови. Доколку возилото не ги исполнува овие услови, увозникот нема да може да го регистрира возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци на враќање на возилото во странство.

Сакам да ве прашам дали може да се увезе половен автомобил стар 15 години?

Давачките за увоз на патничко моторно возило во Република Македонија се следни:

  • царина 5%
  • износот на акцизата се пресметува согласно вредноста на возилото (повеке информации може да добиете на веб страната на Царинска управа во делот Даноци и акцизи – Акцизи)
  • еколошка такса во износ од 3000 – 5000 ден. за употребувани ПМВ
  • ДДВ 18%

Треба да имате во предвид дека на износот на трансакционата вредност се додаваат трошоците за транспорт и осигурување до влез на возилото во Република Македонија. Доколку поседувате соодветен доказ за ЕУ преференцијално потекло на возилото тогаш давачката за царина е 0%.

За повеке информации околу можноста за добивање хомологација и регистрирање на возилото по извршеното увозно царинење, Ве упатуваме да се конслутирате со Бирото за метрологија.

Ме интересира дали може да се внесат олдтајмери од 60 – тите години или постари?

Царинската управа препорачува при увозно царинење на моторните возила од странство, како и возилата со странски регистарски таблички кои веќе се наоѓаат во Република Македонија,а ги управуваат лица со регулиран престој во странство, особено да се внимава на исполнување на хомологациски услови, односно да се изврши проверка на условите за хомологација пред да се купи возилото во странство кај овластените тела.

Царинската постапка се спроведува и давачките се плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед за сообразност со хомологациските услови. Доколку возилото не ги исполнува овие услови, увозникот нема да може да го регистрира возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци на враќање на возилото во странство.

Царинската стапка за колекционерски моторни возила од историски или етнографски интерес, согласно Законот за царинска тарифа, изнесува 7% од царинската основица која претставува збир од вкупната фактурна вредност плус додадени транспортни и други манипулативни трошоци.

За да може возилото да се третира како колекционерско моторно возило потребно е да ги исполнува следните услови:

  • да е во оригинална состојба, без суштински измени на шасијата, каросеријата, управувачот, кочниците, трансмисиониот или суспензивниот систем и машина (мотор). Поправка и реставрирање е дозволено, на тој начин обезбедувајќи возилото да е сочувано и оддржано во историски исправна состојба;
  • најмалку 30 години старо и
  • да е модел или тип кој повеќе не е во производство.

Данокот на додадена вредност за наведениот тип на моторни возила е 18%. Даночната основица ја сочинува царинската основица зголемена за износот на пресметаната царина.

Напоменуваме дека може да биде потребно и прибавување на Дозвола од Управата за заштита на културното наследство доколку возилото има карактер на антиквитет.

При увоз на возило од странство за инвалидизирано лице,дали се плака данок и царина? и ако се плака дали има некаков попуст и колку изнесува ?

Согласно одредбите на Царинскиот закон, не се предвидени ослободувања или други поволности за увоз на патнички возила од страна на лица со инвалидитет.

Подетални информации за царинење на употребувани моторни возила се објавени на интернет страната на Царинската управа

Scroll to top

.