При изнесување на стоката од царинското подрачје на Република Македонија, доколку постои можност истата да биде повторно вратена во царинското подрачје, патникот кој што ја пријавил стоката на излез од Република Македонија може да побара да му се издаде Потврда за истоветност на стока во патнички промет. Во потврдата се наведува име и презимето на лицето кое ја изнесува стоката и податоци за стоката која се изнесува.
Доколку при враќање на стоката во царинското подрачје се приложи претходно издадената Потврда за истоветност, вратената стока се ослобдува од плаќање на увозни давачки.