Царинската тарифа е клучен инструмент со кој се врши правилно распоредување на стоки при увоз или извоз. Распоредувањето на стоката согласно Царинска тарифа претставува одредување на тарифен став за таа стока согласно Законот за царинска тарифа и прописите донесени врз основа на овој закон.

Царинската тарифа на Република Македонија е составен дел на Законот за Царинската тарифа („Службен весник на Република Македонија„ бр. 23/2003, 69/2004, 10/2008, 35/2010, 11/2012 ,  93/2013, 44/15 и 81/15)

Номенклатурата на Царинската тарифа, која е составен дел на Царинската тарифа, е усогласена со номенклатурата на Хармонизираниот Систем("Harmonized commodity description and coding system, 2017 edition" - "Amendments to the Harmonized System Nomenclature effective from 1 January 2017") и Комбинираната номенклатура на Европската Заедница(Commission Implementing Regulation (EU) No 1821/2016 of 6 October 2016 amending Annex to Council Regulation (EEC) No 2658/87 on tariff and statistical nomenclature on the Common Customs Tariff).

Царинската тарифа секоја година се усогласува и менува согласно измените на Комбинираната номенклатура на ЕУ. За ваквото усогласување, Владата на Република Македонија донесува  Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа еднаш годишно и истата се применува од 1 јануари следната година. Усогласувањата се однесуваат на системот на имиња на стоката, системот на нумеричко означување, единечните мерки, како и забелешките кон соодветните оддели и глави. Царинските давачки се определени со Закон за царинска тарифа.

Интегрален текст на Царинска тарифа

  • Водич за царинење на стоки 2017.xls
  • Водич за царинење на стоки 2017.doc

Овде се инкорпорирани и преференцијалните царински давачки за земјите со кои Република Македонија има склучено договори за слободна трговија. Во водичот за царинење целосно се содржани Законот за Царинската тарифа, Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа и Одлука за распоредувањето на стоките на форми на извоз и увоз. Распоредувањето е во согласност и со примена на Одлуки од Комитетоот на Хармонизиран систем кои како класификациски мислења ги потврдила Распоредувањето е во согласност и со примена на Одлуки од Комитетоот на Хармонизиран систем кои како класификациски мислења ги потврдила Светска царинска организација.