Со цел да се влијае на економијата, да се урамнотежи или да се зголеми светската трговија може да се користат одредени привилегии, преференцијали (намалување или укинување на царинските стапки) или пак мерки за заштита на домашната индустрија во зависност од потеклото на стоката. Оттука произлегува потребата за точно утврдување на потеклото на стоката кое може да се дефинира како економска националност на стоките.

Денес мал број на стоки се целосно добиени или произведени во една земја и за нив одредувањето на потеклото е едноставно. Меѓутоа за поголем број на стоки утврдувањето на потеклото станува посложено поради фактот што нивното производство може да се одвива во повеќе фази и во различни земји.

Постојат два вида на потекло:

  • непреференцијално потекло, и
  • преференцијално потекло.