Царинската тарифа е клучен инструмент со кој се врши правилно распоредување на стоките при увоз или извоз. Со правилното распоредување се обезбедува и правилна примена на царинските и другите давачки поврзани со видот на стоката.

Утврдувањето на царинската вредност на стоките претставува основа за правилна пресметка на царинските и другите давачки.

Со цел да се влијае на економијата, да се урамнотежи или да се зголеми светската трговија може да се користат одредени привилегии, преференцијали (намалување или укинување на царинските стапки) или пак мерки за заштита на домашната индустрија во зависност од потеклото на стоката. Оттука произлегува потребата за точно утврдување на потеклото на стоката кое може да се дефинира како економска националност на стоките.