Со транзитна постапка се одобрува движење од едно до друго место во рамките на царинското подрачје под контрола на царинскиот орган.

Транзитните движење можат да се вршат: 

  • Согласно со постапката пропишана со Царинскиот закон и Уредбата за спроведување на Царинскиот закон (национален транзит)
  • Согласно со постапката пропишана со Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (заеднички транзит – оваа постапка може да се применува од 01.07.2015 година)
  • Согласно со постапката со ТИР карнет пропишана со ТИР Конвенција
  • Согласно постапката со АТА карнет
  • Согласно постапката со образец 302
  • По пошта (вклучувајќи и поштенски пратки)

 

Во националната транзитна постапка се одобрува движење на:

  • странска стока која со ставањето во оваа постапка не подлежи на плаќање на увозни давачки и други давачки или на мерки на трговска политика и 
  • домашна стока, во определени случаи и услови, со цел да се спречи стока која е опфатена со извозните мерки или која има корист од извозните мерки, да ги избегне или неоправдано искористи тие мерки.

Заедничката транзитна постапка може да се извршува како Т1 или Т2 постапка во зависност од случајот. Постапката Т2 може да се применува само за стока која што  има статус на стока на Заедницата, која во Република Македонија пристигнала во постапка Т2 и истата повторно се изнесува од царинското подрачје согласно посебните услови пропишани во членот 9 од Конвенцијата за заедничка транзитна постапка. За сите други стоки се спроведува Т1 постапка.

 

NCTS - Нов компјутеризиран транзитен систем

Царинскиот транзит претставува камен-темелник на европската интеграција и е од витален интерес за европските бизниси. Овозможува полесно и поевтино движење на стоката и поедноставни и побрзи царински формалности. За негово непречено спроведување во 1987 година склучени се две конвенции помеѓу Европската економска заедница и ЕФТА државите. Конвенцијата за заедничка транзитна постапка од 20 мај 1987 година ја определува заедничката транзитна постапка, а Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, исто така од 20 мај 1987 година, претставува поедноставување на формалностите при увоз, извоз и транзит преку воведување на Единствениот царински документ (ЕЦД). Полноправни членки на овие конвенции се земјите членки на ЕУ, ЕФТА, Турција, Србија и Македонија.

Република Македонија е полноправна членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и на Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија на стока од 1 јули 2015 година. Пристапувањето кон конвенциите овозможува полесно и побрзо движење на стоката заради спроведувањето на транзитната постапка со поднесување на единствена транзитна декларација во електронска форма во местото на поаѓање која важи сè до местото на одредиште во рамките на договорните страни на конвенциите. Оваа транзитна декларација паралелно се употребува и како т.н. влезна збирна декларација која задолжително треба да се поднесе за секоја стока при влезот во било која земја членка на ЕУ.

Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) е систем кој е заснован на употреба на напредни компјутерски техники и електронска обработка на податоци. НКТС претставува  современа алатка за спроведување на транзитната постапка преку размена на електронски пораки помеѓу економските оператори и царинските испостави, како и помеѓу самите царински испостави. Служи како алатка за управување и контрола на транзитните операции и овозможува помодерно и поефикасно управување од системот кој претходно беше базиран на хартија.

 

Линк до Новиот комјутеризиран транзитен систем – NCTS во кој се објавени сите релевантни документи за заедничката транзитна постапка (Конвенција, Спецификација, Упатства, Насоки, Презентации и слично)
Правилник за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација 
Упатството за спроведување на поедноставена постапка на овластен испраќач
Барање за добивање статус на овластен испраќач
Упатството за спроведување на поедноставена постапка на овластен примач
Барање за добивање статус на овластен примач

 

Упатства за другите транзитни системи

 

Прирачник за транзитна простапка - Акт на Царинската управа на Република Македонија бр. 10-6746/1 од 30.04.2007 година (815 KB), 05.06.2015,
Упатство за транзитна постапка во железнички транспорт - Акт на Царинската управа на Република Македонија бр. 10-14432/2 од 05.09.2007 година (303 KB), 05.06.2015,
Упатство за спроведување на царински надзор и контрола на стока со поголем ризик од измама (1791 KB), 05.06.2015,
Упатство за начинот на спроведување на постапка на увозно царинење на стока на граничните премини (309 KB), 05.06.2015,
Насока за групирање на пратки во увозно царинење и товарни листови ЦИМ (211 KB), 05.06.2015,
Упатство за прием на царинска декларација за транзит пред ставање на стоката на увид (2301 KB), 05.06.2015,