Notice: Undefined property: JCategoryNode::$introtext in C:\inetpub\wwwroot\carina_php7.0.21\plugins\system\easylanguage\easylanguage.php on line 108

Почитувани корисници,

Добредојдовте во делот Односи со јавноста на интернет страницата на Царинската управа на Република Македонија. Ова е уште еден обид да ја подобриме комуникацијата со јавноста, да бидеме подостапни за граѓаните, деловната заедницата и медиумите. Наша цел е да ви овозможиме информации кои произлегуваат од надлежностите на Царинската управа, да ги слушнеме вашите сугестии, поплаки.

Одговорите на најактуелните прашања ги објавуваме во рубриката Најчесто поставувани прашања.

Имајте предвид дека содржината на одговорите на поставените прашања  е од информативен карактер и се однесува на прописите кои се на сила на денот на давањето на одговорот.

Царинските прописи и останатата регулатива, кои се применуваат во царинското работење, се предмет на континуирани прилагодувања, промени и дополнувања, така да, за спроведување на постапка за која сте се информирале на овој начин важат прописите на денот на спроведувањето на постапката.

Ви благодариме за укажаната доверба