Одделението дежурен царински центар ги врши работите кои се однесуваат на: планирање и организирање 24 часовно работење на одделението; ,,управување со повици“ – управува со пријави (одговара, разгледува, обработува, комуницира, ги известува корисниците за пријавените проблеми); давање поддршка на корисниците на апликациите кои се употребуваат во работата на Царинската управа, соработува и дава поддршка на економските оператори во електронската размена на податоци, управување со системот за видео надзор, снимање и трансмисија и со системот за автоматско препознавање на регистарски таблички; логистичка поддршка и координација на СКИ и на царински испостави; учествување во процесот на обуки на царинските службеници и корисниците на системите од надворешниот домен и друго.

Одделението работните задачи од својот делокруг ги извршува преку:

  • Служба за координација и операции;
  • Служба сервисен центар